Венецијанската комисија го одложува донесувањето мислење за Законот за јазиците, соопштуваат од Комисијата, јавува дописникот на МИА од Стразбур.
Мислењето за Законот за употребата на јазиците требаше да се разгледува на 120-та пленарна сесија на Венецијанската комисија закажана за 11 и 12 октомври во Венеција. Но иако на дневниот ред се уште стои точката за Законот, од Комисијата велат дека го одложуваат, без да ги наведат причините за одложувањето на разгледувањето и усвојувањето на извештајот од Стразбур.
Претходно премиерот Зоран Заев рече дека Владата како институција е подготвена да го имплементира мислењето на експертите на Венецијанската комисија за Законот за јазиците.
Пратеникот на ДУИ Артан Груби, пак коментира дека цената на мирот е неспоредлива со цената на имплементацијата на законот, односно дека со законот е купен мир.