Безбедносните сили на Венецуела се судрија со локалните жители во градот Урена, што се наоѓа на границата со Колумбија додека таму го чекаат денеска лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо. Зад границата е колумбискиот град Кукута.
Припадници на Националната гарда на Венецуела пукаа со гумени куршуми и солзавец врз жителите кои кон нив фрлаа камења. Жителите се обидуваат да ја отстранат барикадата на граничниот мост што ги блокира испораките на хуманитарна помош од колумбиска страна.
Бројот на припадници на венецуелските безбедносни сили кои дезертираат и пребегнуваат во Колумбија се зголеми на најмалку 13, изјави портпаролот на колумбиските миграциски власти.
Десет членови на Националната гарда и двајца полицајци ја преминале границата и влегле во колумбискиот регион Норте де Сантандер, од каде венецуелската опозиција се обидува да донесе хуманитарна помош во земјата, рече портпаролот. Портпаролот соопшти дека уште едно лице „се предало“ на колумбиските власти во регионот Араука,