Државниот ревизор на Венецуела донесе одлука со која на лидерот на опозицијата Хуан Гваидо му се забранува да извршува јавна функција во следните 15 години.
Одлуката ја објави државниот ревизор Елвис Аморосо преку државната телевизија.
Мотивот за тоа е наводна корупција, нагласуваат властите во Венецуела.
– Постојат непочитувања што се откриени во извештај за имотна состојба на Гваидо, нагласи Аморосо.
Гваидо се самопрогласи за в.д претседател на Венецуела во крајот на јануари и досега повеќе од 50 држави го признаа за шеф на државата.