Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро изрази подготвеност за дијалог со американскиот претседател Доналд Трамп, ако се заснова на меѓусебно почитување. Ова го изјави Мадуро синоќа за венецуелската новинска државна агенција.

– Доколку е потребно, јас сум подготвен да одржам разговор со Доналд Трамп врз основа на меѓусебно почитување, изјави Мадуро во интервјуто што го пренесе и државната телевизија.

Во неделата, порталот за вести „Аксиос“ објави изјава на Трамп во која се вели дека е подготвен да се сретне со Мадуро. Подоцна Трамп на Твитер објави дека е подготвен за таков контакт, но само да разговара за мирно напуштање на власта на Мадуро.