Претседателот на Венецуела Николас Мадуро изјави денеска дека е донесена одлука да се прогласи вонредна состојба откако е потврден првиот случај на коронавирус во земјата.
– Ќе се однесувам согласно членот 338 од Уставот на Венецуела, кој дозволува да се прогласи вонредна состојба во случаи кои ја загрозуваат нацијата. Наша национална цел е да спречиме ширење на вирусот, истакна Мадуро.
Здравствените власти потврдија прв случај на коронавирус во Венецуела, од кој досега во светот починаа над 5.400 лица.