Венецуелската влада обучува цивили да користат оружје за одбрана на земјата во случај на евентуален напад од САД, јави ДПА.
Претседателот Николас Мадуро објави дека под слоганот „Касарните одат кај народот“, војниците ја спроведоа првата обука во различни делови од земјата. Тој ги повика венецуелските земјоделци да бидат подготвени, доколку е потребно, масовно да се вооружат.
– Венецуелскиот народ ѝ кажа на империјата да престане да се заканува, рече Мадуро на состанок со земјоделците. Тој рече дека иако САД ѝ се закануваат на Венецуела, тие се пообединети од кога било во одбраната на својот суверенитет.
Само пред неколку дена, Каракас започна голема воена вежба поради тензиите со Вашингтон. Во последните месеци, американските сили нападнаа бродови во водите јужно од САД за кои рекоа дека превезуваат дрога, а неколку лица беа убиени во овие акции.
Претседателот Доналд Трамп ја обвинува Венецуела за организирање трговија со дрога во САД.