Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер ги коментираше информациите дека Барселона се обидува да го привлече напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинес.
Францускиот стратег не смета дека на Каталонците им е потребен нов напаѓач во својот состав, но сепак тој очекува трансферот да стане факт.
– Барселона секогаш ги купува најдобрите играчи. Мое лично мислење е дека во моментот не треба да го заменат Луис Суарез. Тие можат да земат нов напаѓач, бидејќи е вистина дека во моментот Суарез и Меси се двајцата главни стрелци, па можеби мислат дека во одреден момент Антоан Гризман ќе започне да постигнува почесто. Се уште не сме го виделе најдоброто од него. Можеби после паузата тој ќе има подобар настап, затоа што тој е исто така одличен стрелец. Сепак, мислам дека Барса ќе купи уште еден напаѓач, изјави Венгер.