Неформална средба на верските лидери и претставници на високообразовните верски институции, студентите и младите од верските заедници денеска беше организирана од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) под наслов „Едно поинакво кафе“. Целта е, како што беше посочено, вмрежување и покажување на јавноста на кој начин всушност функционираат верските заедници односно колку е конструктивен дијалогот помеѓу нив со цел и кај јавноста да се пренесат пораките за меѓусебен дијалог, доверба и разбирање меѓу различните верски заедници во земјата.
Верата, е пораката од настанот, е нешто што треба да зближува, а не да прави поделби во општеството. Таа всушност треба да покаже колку сме сите исти иако различни.
-На неформалната средба се зборуваше за продолжување на оваа контруктивна соработка која со децении наназад се негува и е видлива меѓу верските лидери кои треба да бидат промотори на заедништво, мир, толеранција и да го градат духот на сплотеност која ќе се пренесе на сите граѓани. Сите ние знаеме колкава е моќта на еден верски лидер кој со свој личен пример ќе ја промовира сплотеноста и толеранцијата, рече претседателтака на Комисијата Оливера Трајковска.
Во тој контекст, додаде таа, бил постигнат договор сите заедно вклучувајќи ја тука и Комисијата, која е линк меѓу верските заедници и државата, да продолжат со проекти кои имаат за цел да ги промовираат овие вредности во општеството и да ги анулираат штетните појави како насилен екстремизам, нетрпеливоста, поделбите…
Таа вели дека на ваков начи духот на заедништво ќе се негува кај сите млади без разлика на верската припадност, иако има случаи во кои учесници на меѓуверски или меѓуетнички инциденти се токму младите.
– Стојам на ставот дека се што ни се случува во оштеството се можеби политички сценарија бидејќи верата, ниту една од нив не промовира поделби, насилство. Точно е дека дел од младите можат да бидат жртви, но вистинскиот верник кој припаѓа на одредена верска заедница нема да дозволи да биде инволвиран во едно такво политичко сценарио, децидна е Трајковска.
Дел од младите кои беа учесници на оваа неформална средба велат дека неретко имаат контакти со млади од други религиозни групи, и оти различните вери не се причина тие да не можат да се дружат, да разговараат. Никој од нив, како што рекоа, досега немал проблем со припадник од друга религиозна група, но сметаат дека треба да се направат напори младите почесто да се среќаваат, да разговараат и оти така ќе откријат дека се многу повеќе слични од што се различни.
Директорката на Комисијата по средбата инфомираше дека поглаварите на верските заедници разговарале и за тековни прашања со кои се занимава КОВЗРГ, а се всушност во фокусот на верските заедници и државата. Се раговарало и за воведување на предметот на етика на религии во образовниот процес и тоа не како сега само во шесто одделение.
-Има иницијатива која е поднесена од страна на Асоцијацијата на вероучители поддржана од Комисијата и верските заедници до МОН за воведување на овој предмет и во шесто и во седмо одделенеие. Од изборен факултативен, како што е сега да прерасне во изборен задолжителен во 6 одделение како етика на религии, а во седмо како културно и религиозно наслество, рече Трајковска.
Се размислува, додаде таа, и за воведување на чиста етика од самиот почеток на образовниот процес до завршување на средното образаование.
Со овој настан, на кој присуствуваа архиепископот Охридско и Македонски г.г. Стефан, монсињор Киро Стојанов, Пепо Леви, Марјан Димов, реис Шаќир Фетаи, КОВЗРГ, велат оттаму, продолжува со својата мисија да гради отворено и инклузивно општество, во кое верските заедници придонесуваат кон заедничките вредности на толеранција, почит и солидарност.