Макс Верстапен одговори со краток коментар за казната изречена од страна на стјуардите во Мексико. Пилотот на Ред Бул беше санкциониран со три места на стартната линија и ја загуби својата пол-позиција, бидејќи не намалил брзина при кренато жолто знаме поради несреќата на Валтери Ботас.
На сослушувањето со стјуардите, Холанѓанецот признал дека не намалил и дека го видел автомобилот на Ботас, но тврди дека не го забележал жолтото знаме.
„Многу е разочарувачки да добиеш казна пред трката. Ферарито ќе биде многу брзо, а животот на гумите ќе биде клучен, но ние имаме многу добар автомобил, па борбата треба да биде неизвесна, рече Верстапен.