Пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен смета дека е подобро да се учи од сопствените грешки во Формула 1 отколку да се дозволат недостатоци во помалите серии.
Според него, грешките во другите категории можат да го спречат напредокот во Формула 1.
– Имав само една година во Формула 3 пред Формула 1, па, се разбира, направив некои грешки во елитната серија. Можеби другите возачи се усовршуваа преку возење во послабите серии, но јас мислам дека подобро е да се напредува преку учетвата на на највисоко ниво. Тука и да се прават грешки, може да се учи од нив, наместо да се натпреваруваш во помладите серии. Грешките во тие трки може да ве чинат и кариера во Формула 1. Поради нив, едноставно не можете да бидете поканети во елитата, изјави Верстапен.