Макс Верстапен од тимот на „Ред бул“ е освојувач на годинешната Голема награда на Германија.
Холанџанецот извози 64 круга на патеката Хокенхајмринг со време 1 час 44 минути 31 секунда и 275 стотинки. Второто место му припанда на Германецот Себастијан Ветел од Ферари, кој направи голем пресврт, односно до второто место стигна откако стартуваше последен. Третото место му припадна на Русинот Квјат Даниил од „Торо Росо“.
Луис Хамилтон остана без бодови на оваа трка, што ја заврши на 11-то место, но сепак останува на чело на Генералниот пласман со 39 бодови повеќе од второпласираниот Ботас.
Верстапен, со денешниот триумф ја ублажи меѓусебната бодовна разлика со лидерот на табелата Хамилтон на 72 бода.