Централниот дефанзивец на Тотенхем, Јан Вертонген, негираше дека одлучил да не потпише нов договор со клубот за да помине како слободен агент во Интер.
– Сакам да играм во Европа и да научам поинаков јазик, рече Белгиецот пред една недела.
Дефанзивецот полни 33 години во петок, а неговиот договор со „петлите“ истекува на крајот на сезоната, но изгледа дека тој нема да биде продолжен.
– Сакам да потпишам со соодветен клуб. Може да биде Тотенхем или кој било друг европски тим. Мора да биде амбициозен клуб. Сакам да играм во Европа, бидејќи репрезентацијата е многу важна за мене, изјави Вертонген за „Плеј Спортс Кот“.
Според информациите, Белгиецот сака да замине во тим од Италија или Шпанија.
– Можеби звучи чудно, но по кризата предизвикана од коронавирусот ќе има поголем интерес за мене. Бидејќи сум слободен агент и некои клубови може да немаат многу пари, додаде тој.