Суеверија запишани од Јордан Хаџи Константинов Џинот

Добродетељу сладкиј! Времето ми пројде, умо оште не ми дојде.

1. Кукавицата ме проби, то ест ме уби, зашто на гладно срце ја чух… Може да умре некој от нашата кушта.
2. Ластовицата лежајушта ја видох, и не бех весел, чини ми се зла година ште ми биде.
3. Штркот ме уби, зашто сос голи нози го видох, оваја година не сум на добро.
4. Пупунецот зло ми испупа, и душата ште ми смерди на пупунчовина – понеже в постела го чух.
5. Грлицата ме прогрла, грло ште ме хвашта… Како слеп и луд – не ми дотекна во постелата хлеб да си чувам, и како ште викне, аз абие во уста хлебат.

6. До Духовден добре да се пазиш – в недеља, четверток и петок и суббота да даваш на чадата твои травка што ја говорат среќа, штото да ти се среќни. Зашто ми в Велесс и Скопје тако чинимо.
7. Молим те во сенка да не гледаш, зашто нефела (не е волја), може нешто ноштес да ти дојде да те дави.
8. Под стреа не ходи и не седи, да те не снајдат (оградисаш), после ќе умреш.
9. На раскрсница нефела да поминуваш, зашто ште те хватат невидимо самовилите и дјаволите да не те видат, после умат да не ти земат. Не си чул Миленка воденичара со камења како го гониле и камењето му запирале?
10. Брате мој, жално мене! Черно јагне видох, зло големо! Годината черна и темна што ми биде.

11. Спах под лошо древо, под круша горница (дива) и под стар жур, где што се собирајат самовилите. Тамо ме снајдоха – и сега во постелата ми идат. За това ште прикажам на баба Прелковица (волшебницата тако ја зоват) да ми каже чивутки ли се или Ерменки, али друга некоја вера.
12. Детето ми е болно, не знам што да чинам? Сестро, е повземето го љубат самовилите. Они го дават, за това се плаши. Вештицата го испила и черниј џигер (дроб) му изела. Да го отнесеме да го види Стоја вештица, што го пие – жена ли е девојка ли е?
13. Мори сестро иди при Милоша нека му гледа. Не девера ти Тоша Милош позна. Бог иу Свјатиј Никола и Свјатаја Недеља и Свјатаја Петка нему му казуват все што се чини на векат.
14. Хм, хм! Нема ли тија што ја сметнуваха мјасечината да рика на гумното, на стожерот?

15. Ти искаш лек да најдеш? Иди в церква да им извадиш очите на свјатците, сос вода испи ги, пек ште оздравееш. Бог да ја прости, Кадае Ѓупката (Циганката) ми кажала!
16. Утре во глуха доба или ан река, легни на плеки, наполни еден бардак вода, после измиј сја, ште будеш млада. Зашто иначе довека ште будеш груба.
17. Аз отидох во Свјати Никита, в скопски монастир. Калугер Захарија ми написа амајлии и вода мја попрска да оиздравејам. Но оче Тарасија от Благовештение, манастир скопски, ми рече: „Лаже Захарија, ела аз ште ти писам подобре„. Но дедо Нове калугер не ест свјаштеник, ма ни крштава вода сос петрахил и ни бае, ни заврзува, ни кажува како се разговара с ангелите.
18. Днеска е понеделник, што си дошел ти, нештастлив човече? С зло ме полази, денат мрцина што ми пројде.
19. Некој лошав човек ме полази, отњуд (хич) не сум харен.

20. зашто веднаш се напихте вода? Нефела, кровта си испихте. Залакат што си оставаш? Зашто к’смедат ни земаш?
21. Не знам што ште чинам? Чехлите ничкум ми се превртиха. Чини ми се ште умрам.
22. Окото лево ми играе. Нека е на добро. Ноштеска зол сон соних. Нека е на добро.
23. В петок и бела суббота не бива да се бричиш и да се миеш.
24. Кога гледаш во месечината, не погледнуј во человека, зашто тој месец все на штета ште буде.

Приимај овии 24 устава от Охрид, Прилеп, Велесс, Штип, КУманово, Скопје . Ште следува и молитва волшебнаја за тежка болест, прорицание от далак, запотка (запјатија), от грозница. заврзуват на рука от грозница, и други много волшебства за чудо и смеха и буделштина.

(Запишал Јордан Хаџи Константинов Џинот. „Цареградски вестрник“, бр. 88 (21.јуни 1852) (Подготви Марко Китевски)