Taa е една од најпознатите македонски актерки, повремено ТВ и радио водителка, писателка, театарски едукатор, а како најново и дебитант во режисерските води… Или едноставно кажано, мултимедијална јавна личност. Жена што за многумина е симбол за хумор, сила и вистина. Зашто знае да се шегува и кога ѝ е тешко, но и да се бори кога сите би се откажале.

Таа не е само гласна на сцената – таа е гласна и кога животот ќе заболи. И тоа најмногу… И оние кои не ги ни познава и неа лично!

Кога говори, зборува отворено за се’! И за успесите и за падовите, за сите оние тивки болки кои јавноста ги дознава дури подоцна.

Кога ќе прифати да разговара, тоа го прави од срце. Затоа со неа не можеш да зборуваш малку. Или влегуваш длабоко – или не влегуваш воопшто во дијалог. За да ве потсети дека најхрабрите луѓе се токму оние што се смеат најгласно.

Зашто таа е една од ретките што умее да покажа дека ранливоста не е слабост – туку суперсила. Впрочем, секој човек има своја приказна зад насмевката. Луѓето како неа кога говорат, заслужуваат да ги слушате… Со срце.

Токму така, отворено и од срце зборуваше за љубовта, бракот и разводот, за ќерката и синот, за загубите на најблиските пријатели и еден од родителите, за домашните миленичиња…

За престижното актерско признание и наградата која деновиве ја доби, за актерството и режисерските води во кои сефте вплови и има намера допрва уште долго низ нив да плови, за водителството на телевизија и радиото, за досега единствената нејзина автобиографска книга на која и најавува нови продолженија, за социјалните мрежи и нејзиното присуство на нив, но и за сите лични борби и премрежја низ кои минува во животот, за операциите и борбата со опаката болест – канцерот, за пријателите и нејзиното „трето дете“ кое малкумина го знаат…

Оние што ја гледале премиерата на најновата епизода од интер ток шоу „Ништо лично“ со вашиот домаќин Антонио Димитриевски чија гостинка беше едната и единствена Весна Бејби Петрушевска, знаат за што зборуваме.