Најдобриот кошаркар на Оклахома Сити, Расел Вестбрук за време на НБА дуелот со Феникс на млад навивач му ја понуди својата патика за парче пица.
Камерите го уловија интересниот момент кој се случи зад клупата на Оклахома, каде се наоѓаше момчето кое јадеше пица. Тогаш Вестбрук се сврти и му ја понуди својата патика во размена за парчето пица. Момчето најпрвин се двоумеше, а потоа со насмевка ја прифати трампата на Веструк.
Оклахома го доби мечот со 117:110.