Ѕвездата на Оклахома Сити, Расел Вестбрук, го забележа својот 11-ти последователен „трипл-дабл“ учинок во НБА. Тој заврши со 44 поени, 14 скока и 11 асистенции при поразот од Њу Орлеанс со 122:131.

Вестбрук го подобри своето постигнување, а претходно овој рекорд го држеше Вилт Чембрлен со девет последователни „трипл-дабл“ учиноци во сезоната 1967/68.

За Вестбрук, ова е 24-ти „трипл-дабл“ за сезоната и вкупно 128-ми во кариерата.

И покрај напорите на Вестбрук, Оклахома загуби по втор пат во последните 11 натпревари.

Џулиус Рендал заврши со 33 поени и 11 скока за Њу Орлеанс, додека ѕвездата на „пеликаните“, Ентони Дејвис, не настапи поради повреда.вз.

Резултати од НБА:

Орландо – Шарлот 127: 89
Атланта – Њујорк 91: 106
Њу Орлеанс – Оклахома Сити 131: 122