Вестбрук влезе во топ3 на сите времиња во НБА во „трипл-дабл“ категоријата

/ 06.12.2018

Најдобриот кошаркар на Оклахома Сити, Расел Вестбрук, ноќеска забележа 21 поен, 17 асистенции и 15 скока на дуелот со Бруклин што е 108-ми „трипл-дабл“ во неговата кариера.

Во оваа статистичка категорија, 30-годишниот Американец  се искачи на 3.метсо на вечната листа поминувајќи го Џејсон Кид.

Лидерот е Оскар Робертсон со 181 „трипл-дабл“ остварување, а на второто место е Меџик Џонсон со 138.


Од истата категорија