Општините Василево и Босилево тргнаа по стапките на Општина Ново Село и на седниците на советите едногласно беше изгласана одлука дека се против отварањето на рудниците „Иловица – Штука“ каде треба да се ископува злато и бакар, објавува ТВ Телма.
Ставот на Општина Василево е дека здравјето на граѓаните е пред се и загадување на почвата во овој земојделски крај не смее да има.
Вчера пак и советот на Општина Босилово ја донесе одлуката откако на претходните седум седници точката не беше ставена на дневен ред за гласање поради што на седницата одржана пред десетина дена замалку ќе се случеше инцидент меѓу активистите и дел од советниците.
Советникот од редовите на граѓанската иницијатива „Стига е“, Стојан Велков – Трн, најави дека на потег е Општина Струмица ќе присуствуваат активисти и граѓани кои очекуваат да се потврди одлуката против отварање на рудниците.
Од компанијата „Еуромакс“ најавија дека ќе бараат од Владата да ја преиспита одлуката со која го укина спојувањето на концесиите за рудникот „Иловица“ за што веќе испратиле формално известување.
Оттаму најавија дека не ја исклучуваат можноста од отварање на арбоитражна постапка доколку успеат да докажат дека владината одлука за повлекување на концесиите е политички мотивирана или споритвна на законските норми.