Секое излегување на Бујар Османи на јавна сцена е поконтрадикторно од претходното, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по денешната прес-конференција на шефот на дипломатијата.
„Еднаш велеа дека имаат мнозинство за уставни измени, а сега велат дека им фалеле само осум пратеници. Вистината е дека наместо тоа, се појавуваат пратеници од владејачкото мнозинство, вклучително и од СДСМ кои се против уставните измени под вакви услови и под бугарски диктат“, пишуваат од ВМРО-ДПМНЕ и повторно повикаа на предвремени избори.