Двајцата највозрасни играчи на овогодинешното Европско првенство во Германија доаѓаат од Португалија.
Пепе, кој на 26 февруари наполни 41 година, ќе игра за шампионите на Стариот континент од 2016 година. Дефанзивецот на Порто повторно го најде своето место во националниот тим.
Второто место на листата на најстари му припаѓа на колегата Кристијано Роналдо, кој на 2 мај го прослави својот 39-ти роденден. За Роналдо ова е шесто последователно континентално првенство на кое настапува.
Лука Модриќ е нешто помлад од Роналдо. Хрватскиот репрезентативец на 9 септември ќе наполни 39 години.
На листата на десет најстари се и: Шпанецот Хесус Навас (роден 21/11/1985), Грузиецот Џорџи Лорија (27/01/1986), Германецот Мануел Нојер (27/03/1986), Французинот Оливие Жиру (30/09/ 1986), Словакот Петер Пекарик (30/10/1986), Данецот Каспер Шмајхел (11/05/1986) и Словакот Јурај Куцка (26/02/1987).
Европското првенство започнува вечерва од 21 часот со натпреварот меѓу Германија и Шкотска.
Фото: Архива