СДСМ остави целосно девастирана држава. Плати не беа исплатени, пензии не беа покачени. Без никаква дебата каде се средствата, без никаква одговорност, без барање за истраги за целиот овој можен криминал. Со бенигни спомнувања на граѓански тужби и повторно враќање на реториката на Зоран Заев „едно големо ветување изразено во евра“, анализира пратеникот Миле Лефков во НАТКАСТ.
-Тоа се инструментите со кои што СДСМ мисли дека може да и се обраќа на јавноста и евентуално да оди на избори. Меѓутоа она што не успеваат е да ги примат пораките кои доаѓаат од народот. Повеќе и понатаму ваквите празни ветувања не поминуваат. Тие се прочитана приказна. Мене ми е жал што синдикатот наместо да се насочи кон работодавачите, затоа што тоа е еден од постулатите на синдикалното организирање, се насочува кон државата и се искривува сликата, рече Лефков во НАТКАСТ.
Потенцира дека ниту Собранието ниту Владата не ги исплаќа платите во приватниот сектор.
-Повторно се оди со едно големо ветување кое се дава во евра и повторно се создава ситуација во која се прави неоправдан антагонизам. Напротив, Владата и Собранието секогаш стоеле и остануваат на страна на синдикатите. Меѓутоа она кое што го прави Трендафилов е навистина само еден политички маркетинг, политички циркуз затоа што не е поврзано со Владата, порача тој.
Целото гостување погледнете го во продолжение




