Рускиот ракетен крстосувач Варгјаг, предводник на руската Пацифичка флота, денеска помина низ Суецкиот канал и навлезе во Средоземното Море, соопшти руската Пацифичка флота.

Наведено е дека „Варјаг“ поминал низ Црвеното Море ден претходно, пренесува агенцијата ТАСС.

Се додава дека „Варјаг“ ќе оперира во Средоземното Море во согласност со претходно одобрениот план за вежби на флотата.

фото: ЕПА архива