Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски е во работна посета на Виена, Австрија, каде учествува на Виенскиот економски форум. Во рамките на посетата тој ќе го отвори Виенскиот економски форум, а исто така ќе оствари политички и економски средби.
Во продолжение интегралната изјава на вицепремиерот Николоски:
-Имам чест да бидам поканет на Виенскиот економски форум и дополнително на тоа најголемиот форум во делот на економијата во Југоисточна Европа, форум на кој доаѓаат бизнис лидери, политичари, банкари, економисти и се разговара за економијата во Југоисточна Европа. Честа е уште поголема што можам да бидам еден од тројцата говорници што ќе го отворат Виенскиот економски форум. Ќе зборувам за она што го работи владата на Македонија во изминитатите една година и неколку месеци, за економските достигнувања како и за плановите за развој во периодот што следи. Македонската економија постигнува завидни резултати, растот е најдобар во целиот региот и тоа е нешто што ќе го правиме во следниот период. Ќе ги презентирам добрите економски политики, фискалните политики, политиките во делот на инвестициите, на развојот, на инфраструктурата на градежништвото и сето она што ја движи македонската економија, а се надевам дека ќе имам бројни средби кои ќе донесат нови инвеститори во Македонија и нови пријатели на Македонија, изјави вицепремиерот Николоски.




