Најновиот додаток на Барселона, Артуро Видал официјално беше претставен како фудбалер во медиумите. Пред тоа потпретседателот на клубот, Жорди Местре објави дека ослободувачката клаузула на Видал е во износ од 300 милиони евра, а рокот на договорот е до 2021 година.
По желба на Баерн Минхен, трансферната сума нема да биде прогласена јавно.
– Многу сум среќен што сум играч на Барселона. За мене, ова е најголемиот клуб во светот. Ова го прифаќам како чекор кон поголем тим од Баерн Минхен. Доаѓам со голема желба и енергија. Гладен сум за трофеи. Ќе се обидам да ги оправдам очекувањата. Физички се чувствувам задоволително. Имам време да влезам во форма. Го имам ДНК-то на Барса во себе, рече Чилеанецот.
Тој потоа одговараше на прашања за своите цели во клубот како и за големиот ривал – Реал Мадрид.
– Најважно нешто на крајот на сезоната е да освоиме трофеи. Мојата цел е да ја освојам Лигата на шампионите, а не да му дадам гол Реал Мадрид. На 15 години и ветив на мојата изморена од работа мајка дека ќе се претворам во еден од најдобрите фудбалери во светот и дека ќе играм во некои од најголемите тимови, продолжи 30-годишниот играч.
Тој додаде дека не била негова одлуката да дојде тука, но кога агентот му ја претставил понудата, бил подготвен да игра за најголемиот клуб во светот.
– Од тренерот зависи дали ќе играм за Суперкупот во недела, но јас се чувствувам физички 100 отсто подготвен, додаде тој.