Правниот застапник на Украинската Православна Црква, американско-канадскиот меѓународен адвокат Роберт Амстердам, во разговорот со Такер Карлсон вели:
-Пред 5 години во Украина беше основана нова црква од страна на администрацијата на Порошенко со активно помагање од американската влада. Во основањето на црквата беше вклучен американскиот Стејт департмент. Верувам дека, или УСАИД или некои други организации, ја финансираа оваа државна црква наречена ПЦУ. Тоа всушност беше еден вид операција на ЦИА, ако сакате, да се создаде црква која ќе биде целосно ослободена од она што тие го гледаа како опасно влијание на Путин. Значи, нашиот Стејт департмент го крши нашиот Устав, отворено учествува во уништувањето на верските слободи во странска земја и прави работи кои се целосно незаконски според нашиот Устав. Сето тоа изгледа како воспоставување на религија. Да, сѐ во име на анти-Путин активностите. И бидејќи сум категорично против актуелната руска администрација, инсистирав да одам во Киев со група мои адвокати на интервју. Имавме привилегија да се сретнеме со Светиот синод, да се сретнеме со високи членови на Црквата, интервјуа со свештеници, интервјуа со адвокати, за да можам целосно да го прифатам мандатот да се борам за Црквата која беше изгонета од постоење. Ова е нешто што не треба да се случува во 21 век. И како Евреин кој силно верува во слободата на моите браќа и сестри христијани, како некој што чувствува дека верската слобода е основата на сите наши слободи, да, јас верувам во ова до длабочината на моето битие. Не можев да верувам дека американската Влада, Владата за која потпишав на мојот роденден кога имав 18 години, додека сè уште бевме во Виетнам, дека оваа Влада би можела да го финансира уништувањето на оваа Црква. Значи, го проучивме тоа. Се сретнавме со луѓе кои беа на високо ниво во американската Влада и тие ми потврдија дека ова е операција на американската Влада и направивме сѐ што можевме. Наидовме на ѕид од украинската пропаганда во Вашингтон. А, сакам да разјаснам нешто. Штотуку завршив со говорот на конференција за верски слободи, тоа беше конференција за верски слободи што во голема мера беше предводена од украинската Влада. Во Вашингтон на мојот тим едвај му беше дозволено да влезе. Не ни дозволија да влеземе пред една година. Не бевме примени.
– Вие ја заштитувате Црквата од диктаторот, а не смеете да се појавувате на конференција за слобода на религијата?
– Да, тоа е вистина. И овој пат, кога отидов на конференција за верски слободи, само мене ме пуштија да влезам. Тие организираа панел дискусија на кој бев со свештеник од друга црква и ми дадоа, во суштина, пет минути да го кажам моето гледиште, а тоа беше дека, во суштина, оваа друга црква, која, патем кажано, украде 1.500 наши цркви…
– Ги украдоа градбите?
– Да. Ги украдоа, буквално ги украдоа, ги украдоа и што е уште полошо, ги претепаа нашите свештеници. Ги претепаа нашите парохијани. И сето ова го имам на видео. Ако отидете на savetheuoc.com, ќе видите снимки како ги тепаат нашите верници. Тоа се постари луѓе, чии деца се на фронтот, борејќи се за ослободување и одбрана на Украина, а нив често ги тепаат припадници на СБУ – тоа е нивната тајна полиција, во маски, со нацистички симболи на ракавите.