Американската истражна агенција (ФБИ) доживеа викендов голема брука откако на еден агент во разуздан танц во Денвер му испадна пиштолот, по што беше ранет еден гостин во дискотеката.
Неименуваниот агент, како што пренесуваат агенциите, по овој настан е под истрага.
Агентот во моментот на несреќата не бил на должност, а ранетиот маж е превезен во локалната болница каде што му е укажана помош, по што е пуштен на домашно лекување.
Инцидентот се случи во саботата навечер во еден диско-бар во Денвер, во американската сојузна држава Колорадо.