Актерот Стефан Петровски, кој е сопственик на кафе барот „Гарсон“ во центарот на Скопје, тврди дека неговото семејство е под голем психолошки стрес и доживува траума, затоа што неговиот татко, Бранислав Петровски откако беше претепан и му беше скршен черепот, сега добил и приватна кривична тужба од истиот бизнисмен кој на суд го признал тепањето.
Таткото на Петровски, кој бил претепаниот, со години се бори и со канцер и прима хемотерапија.
Целата приказна од овој немил настан може да ја слушнете од видеото.