Здружението за заштита на животните Анима Мунди денеска алармираше за како што се наведува, брутално насилство врз животни во Гевгелија, каде група деца свирепо измачувале млад штрк.
Според сведочења на очевидци и безбедносни снимки, малолетниците со велосипеди намерно го повредиле птицата, која претрпела сериозни телесни повреди.
Од здружението остро реагираа и ја повикаа јавноста и надлежните институции случајот да не остане незабележан и несанкциониран.
„Овој чин претставува свесен, суров напад врз диво животно и мора да биде третирано со најголема сериозност. Ваквото насилство е симптом на длабоки социјални и психолошки проблеми и бара итна психолошка и воспитна интервенција кај децата извршители“, велат од Анима Мунди.
Иако Македонија има законска рамка за заштита на животните, активистите со години укажуваат дека овие закони ретко се применуваат во пракса.
Анима Мунди бара итна реакција од МВР, Центарот за социјална работа и Министерството за образование, како и соодветна грижа за повреденото животно.