Македонски песни, македонски ора и книги на македонски јазик можеа да се слушнат и дидат на штандот на Центарот за македонски јазик од Лерин во Солун на антирасистичкиот фестивал што се одржа овој месец во Грција.
Оваа информација преку социјалните мрежи ја објави македонскиот активист од Егејска Македонија, Стилјан Самарџиев.
Во продолжение објавуваме фотографии и видео од штнадот на Центарот од Лерин, што на својот профил на Фејсбук ги објави Самарџиев.
Како што повеќепати сме објавувале во Денешен, во последниве години често на социјалните мрежи се објавуваат видеа и други прилози од кои може да се види дека се негува македонската песна и македонското оро.
На социјалните мрежи и медиуми често се објавуваат записи од народни обичаи за верски празници или други поводи на кои се пее македонската песна во градовите и села во Егејска Македонија, каде што живеат Македонци. Треба да се одбележи дека и најмладите Македонци кои живеат во Егејска Македонија, во денешна Грција, се почесто може да се видат во објавените видео и други прилози. Центарот од Лерин е активен во последниве години и во ангажманот за изучување на македонскиот литераурен јазик преку бесплатни курсеви и по интернет.
Видеото може да го отворите ТУКА.
(Д. Г.)