Авион за транспорт на пациенти, во кој имале шест лица, меѓу кои и едно девојче, вчеравечер се урна во Филаделфија, соопшти компанијата која управува со авионот.
Компанијата „Jet Rescue Air Ambulance“ извести дека нивниот авион се урнал и дека во авионот имало четворица членови на екипажот и педијатриски пациент со неговата мајка.
„Во моментов не можеме да потврдиме дека има преживеани“, се наведува во соопштението на компанијата.
Претседателот Доналд Трамп на социјалните мрежи напиша дека „толку е тажно да се види дека авион се урна во Филаделфија“.
Федералната управа за авијација (ФАА) објави дека во авионот „Лирџет 55“ имало шест лица и дека авионот се урнал околу 18:30 часот.
Мексиканската влада објави дека сите патници во авионот се мексикански државјани, пренесе Си-Ен-Ен.
Девојчето патувало дома со авион, а крајната дестинација била Тихуана, изјави за Си-Ен-Ен Шаи Голд, кој работи во одделот за корпоративна стратегија во „Jet Rescue Air Ambulance“.
Во авионот била и нејзината мајка, додаде тој.
– Ужасно сме шокирани од овој трагичен развој на настаните, изјави Голд, додавајќу дека во авионот имало многу искусна екипа. „Ние сме водечка служба за итни случаи на воздухопловството, летаме од 600 до 700 пати годишно“, додаде тој.
Локалните медиуми јавија дека несреќата се случила во близина на трговскиот центар Рузвелт во североисточна Филаделфија.
Државните и локалните власти изјавија дека не знаат колку луѓе загинале на земја по падот на авионот.
фото:Х