Американскиот претседател Џо Бајден (79) падна од велосипед во обид да се симне од него.
Незгодата се случи во близина на неговата приватна куќа во американската сојузна држава Делавер, а тука беа и камерите за да го забележат незгодниот момент.
Претседателот на САД многу брзо стана и остана да разговара со собраните љубопитни минувачи.
Бајден им рече дека не е повреден, пренесе АП.