Еден Кинез стана вистински херој на интернет и светски хит поради своето однесување и внимателност кон сопругата.

Имено, на објавената видеоснимка од безбедносните камери се гледа како, додека двојката чека во болница, во еден миг жената снеможува да стои, па мажот клекнува на коленици, за да ѝ послужи како столче. 3абележливо е и дека таа е бремена.

На снимката се гледа и како луѓето кои претходно ги зафатиле столчињата, гледаат во своите телефони и слично, па не им паѓа на памет да ѝ го отстапат местото на трудницата.

Полицијата во објавата на снимката образложи дека таа е објавена со цел да допре до свеста на оние кои просто не гледаат околу себе.

https://www.youtube.com/watch?v=OxiS66U0xZU&feature=emb_logo