Кичевското село Белица, пред утрешниот голем христијански празник Велигден, денеска ја промовира својата „химна“, песна посветена за Белица и сите беличани низ светот.
– Овој проект е реализиран благодарение на повеќегодишните заложби и заеднички градби низ селото, а посебно произлезе идејата од последните Белички Средби 2019 година од Злате Кршоски, кој се воодушеви од овој настан. Во соработка со Ташко Каранфилоски со кого го напишаа заеднички текстот и се реализира со комплетна финансиска подршка на Злате кој живее и работи со неговата Фамилија во Шведска. Со оваа песна ви посакуваме среќни, весели Велигденски празници, пишува во објавата на страницата на Белица на Фејсбук.
Селото Белица во последниве години оживува, се обновуваат куќи и се враќаат иселени од селото. Во Белица се негува македонската традиција и тука се празнува и верскиот празник Александрија.