Приведени се повеќе од сто демонстранти.
Судирите избија кога помала група демонстранти поставија барикади на улица во центарот на Париз и запалија гуми.
Полицијата употреби солзавец против демонстрантите кои се обидоа да го пробијат безбедносниот кордон на Елисејските полиња.
Француските власти стравуваат дека приврзаници на ултра десницата и на левицата се обидуваат да се инфилтрираат во движењето „жолти елеци“ кои протестираат поради зголемување на таксите на горивото.
Полицијата употреби солзавец и против „жолтите елеци“ пред Тријумфална капија, кои фрлаа камења врз припадниците на безбедносните сили.