Личен возач на грчкиот премиер Алексис Ципрас при посетата на Бугарија му беше бугарскиот колега Бојко Борисов.
Борисов го пречека Ципрас во Бугарија, и веднаш од хеликоптерот, го преседна во својот џип на предното седиште како совозач. Со џипот Борисов го однесе Ципрас до местото каде што е предвидено да помине интерконекторот за природен гас меѓу Грција и Бугарија.
– Качи се да те вози Б’лгарин, е така, стави си коланчето, му се обрати Борисов на Ципрас пред тргнување.
Пропис си е пропис и за премиерите, коланчето мора да се врзи.