По прекрасната изведба на „Мојата Македонија“ на Давид Темелков, Ајдин Османовиќ и неговиот професор Јасмин Брашњиќ со уште потешка задача.
– Заветна е песна која обединува. Тоа е парче музика за душата на Македонецот но и многу тешка за изведба песна. Се обидов да му ја објаснам „тежината“ на оваа песна на мојот Ајдин и за пеење и за нејзината суштина, ни рече професорот Брашњиќ.
Сета тага, сета болка, сета љубов, но и завет на Македонците се раскажува низ само една песна, додава тој.
Оваа изведба иако само пред неколку денови веќе ги руши рекордите на слушаност ширум Балканот и светот.
Инаку приказната на „бисерното грло“ ба младиот дванаестогодишен Ајдин Османовиќ започна пред само една година кога тој и неговиот професор Јасмин Брашњиќ во нивниот музички кабинет наречен „кабинет на емоции“ ја испеаја нашата „Јано мори“ и го освоија Балканот.