Една зграда во Турција, која е речиси недопрена, дури ни испукана додека околу неа има пустош по двата силни земјотреси, привлече внимание на јавноста.
Зградата е во градот Каранмараш во јужна Турција, кој е еден од најтешко погодените од катастрофалниот земјотрес. Градот се тресеше двапати, првиот пат кога земјотресот беше со јачина од 7,8 степени, а вториот со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала, кои разурнаа многу згради и затрупаа илјадници луѓе.
Неколку дена по земјотресот на Твитер, се појави фотографија, а потоа и информација чија е таа зграда.
– Зградата на фотографијата е на провинцискиот претставник на Комората на градежни инженери Кахраманмарас. Не се потребни повеќе зборови. Науката и инженерството се доволни за да се изградат објекти кои ќе преживеат таков голем земјотрес. Се додека науката и технологијата се аплицираше за доброто на народот, напиша Улташ на Твитер.
Еден од корисниците на Твитер му реплицира со коментар:
– Секако дека е цврсто, но најголемата причина зошто не се сруши е што има 2 ката, добро го знам Мараш, половина град беше нива на меко тло, секогаш градеа згради со 9 до 10 ката, но западната страна на градот има потврдо тло, така што уништувањето беше помало“.
Тој исто така додаде дека се надева оти во иднина ќе се градат згради на соодветно земјиште и дека со зонирањето што го даваат градските власти за градба во иднина ќе се избегне поделба на мекото земјиште и негово претворање во градежни зони кои се 9-10 пати поевтини.
Видеото може да го отворите ТУКА.
Извор: А1он