Д-р Алдин Али е специјалист по внатрешни болести и кардиолог во Софија

Мојата мајка секоја година имаше по 2-3 пневмонии, и минимум две хоспитализации. 2017 година беше на апарати за дишење. Седум години подоцна, таа не знае што е тоа антибиотик. Јас тука ќе зборувам прво како специјалист по внатрешни болести, а после тоа како специјалист по кардиологија. Ги следам сите публикации за витаминот Д од проста причина што имам и лична потреба за тоа.

Имено, мојата мајка е со хроничен ХОББ доста години и како што реков, секоја година имаше по неколку пневмонии и минимум две хоспитализации. Последната беше во 2017 година во Германија кај мене, каде беше на интензивно и дишење на апарат. Толку лоша беше ситуацијата. Тогаш помислив дека треба за дома да и купам кислороден катализатор. Тогаш еден колега пулмолог ми пријде и ми рече: „Сега и ја поправивме состојбата, но почни да и даваш витамин Д.“

Јас му реков: „Мариус, ние учевме медицина на Хајделберг. Каков витамин Д? Таа е со многу тешка ХОББ. Нема како тоа да се поправи и лечи“.

Тој ми рече: „Ништо нема да загубиш ако се обидеш. Но, ќе видиш дека здравјето ќе и се промени“.

Тогаш започнав со интензивна терапија на мајка ми со витамин Д. Тоа беше во 2017 година. Сега сме во 2024 година. Седум години не се напила антибиотик. Два пати имаше КОВИД, но речиси и да не го почувствува. Има многу големо подобрување на функцијата на белите дробови и покрај тоа што продолжува да пуши. И јас тогаш навистина се заинтересирав за таа тема. Си реков дека тука навистина има нешто. И започнав да следам се во врска со ова. Тоа се случи пред да настапи КОВИД.

Во 2019 година беше публикувана првата статија, која навистина беше на лабораториско ниво, при што беа направени генетски истражувања, за дејството на витаминот Д врз нашата генетика на имуните клетки. Бев импресиониран од истражувањето зашто беше спроведено на 1 500 лица, И тоа истражување покажа дека пациентите кои имаат високо ниво на витамин Д, имаат 800 пати побрза генетска експресија во имуните клетки и ензимот на теломераза во ДНК-то работи 800 пати побргу. Истовремено, грешките во ДНК кои настануваат во нашите клетки се поправаат 800 пати побрзо отколку кај пациентите кои имаат ниско ниво на витамин Д. Тоа покажува и некаков онкопротективен имуногенен карактер на витаминот Д.

Витаминот Д е еден од основните катализатори во нашите бели дробови каде се произведува протеинот срфектант – еден од најважните протеини кој ги држи алвеолите отворени и немаме колапс на нашите алвеоли. На тој начин се покрива целата површина на алвеолите со протеинот и дејствува имунопротективно. Тоа покажува дека луѓето кои земаат витамин Д произведуваат повече срфектант и не можат да бидат толку лесно нападнати од вируси, не се разболуваат толку често и може да се каже дека се прочистува белиот дроб.