Д-р Николас ХАЛШЕР
Постојат над 900 рецензирани научни и неодамнешни трудови, кои покажуваат дека витаминот Д, кога ќе се подигне на соодветни нивоа, покажува антиканцерогена активност против буквално речиси секој познат вид рак, преку сигнализација на рецепторот за витамин Д, како и преку контрола на туморската микрооколина и имунолошка модулација.
Затоа, ова е многу, многу важно. И како што навлегуваме во зимските месеци, треба да се осигурате дека имате соодветен внес на витамин Д. Само витаминот Д би можел да спречи 30.000 смртни случаи од рак во една земја во текот на една година. Поточно, оваа студија била спроведена во Германија. Тие испитувале што би се случило доколку се администрира витамин Д во голем обем кај популацијата од 50 години и постари.
И врз основа на најновите анализи за витаминот Д и ракот, се покажува околу 13% намалување на смртноста од рак. И кога тоа се екстраполира на ниво на цела држава, се спасуваат околу 30.000 животи годишно.
Некои од најмоќните алатки за превенција на ракот не се ниту профитабилни, ниту нови. А витаминот Д е многу евтин, биолошки активен и, според докази од рандомизирани клинички испитувања, спасува животи во голем обем. Главното прашање што сега останува е зошто јавно-здравствените агенции го игнорираат ова.
(Д-р Халшер е епидемиолог, научник, член на МекКолих фонадацијата во САД)



