ПРАШАЊЕ: Знаеме дека докторите, ух, знаеш, тие психички се допираат до пациентот, ги обесхрабруваат и им ја даваат оваа смртна казна. Имаш одлична приказна за тоа што и направија на баба ти со тоа, и едноставно имаш толку одлични информации.

Некој што гледа во моментов, ако неодамна му бил дијагностициран рак или познава некој близок што има, каков совет би му дале?

Д-р КОЛДВЕЛ: Пред сè, тие треба да се запрашаат: „Што ми го предизвика ракот? И тогаш ќе рекоа: „О, не знам што ми го предизвика ракот, инаку немаше да имам рак“. Но, да, знаеш, ако ти беше мојот пациент кој седеше пред мене, ќе продолжев да те прашувам: „Што го предизвика вашиот рак? Што мислите, што можеше да го предизвика вашиот рак? Кој или што може да придонесе за развојот на вашиот рак?” Ова е главното прашање што треба да си го поставите. Одговорот ќе го најдете ако не престанете да го поставувате тоа прашање: “Што ми го предизвика ракот? Како го предизвикав мојот рак? Што направив или што доживеав?” Затоа што многу често знаеме дека трауматски настани биле присутни 18 до 26 месеци пред дијагнозата на ракот. На пример, развод, некој да ја изгуби куќата, да ја изгуби работата по 30 години или да му почине дете – такви работи. Така, многу често, има крајно трауматични настани кои водат до оригиналната внатрешна изјава: „Не сакам повеќе да живеам вака“. Така, многу често, ракот е внатрешен обид за самоубиство или потсвесна наредба за самоубиство.

Треба веднаш да ги земете книгите на Пол Нисан и да започнете со детоксикација на вашиот систем. Треба да бидете на диета со сирова храна (т.н. „жива“ храна и храна која е термички обработена најмногу до 40 степени, кај нас ја има во бистрото „Здраво живо“, н.з.) додека не бидете 100% здрави. После тоа, секогаш им велам на сите, ако правиш 70% правилно, можеш да направиш 30% погрешно, и треба да бидеш добро ако си здрав. Но, ако не сте здрави, треба да ја направите 100% вистинската работа. Им велам на сите мои пациенти да ја добијат книгата на Пол за исхраната со сирова храна и дневната исхрана и вакви работи, бидејќи тоа е холистички пристап. Не треба повторно да го измислувам тркалото; Пол го сфати тоа и неговите информации се совршени. Така, само им кажувам на сите мои поранешни пациенти да ги добијат книгите на Пол и да имаат диета заснована на предлозите на Пол.

Значи, продолжи. Во основа, тоа е детоксикација – добрата, здрава исхрана – бидејќи нашите нови клетки можат да се изградат само со материјалот што го даваме на нашето тело за да ги изгради новите клетки. Значи, треба да биде идеална храна. Нашето ниво на pH треба да биде на 7,36, малку алкално. Знаеме од Ото Варбург и Макс Бланк од 1911 и 1936 година, кои ја добија Нобеловата награда за медицина, дека ракот не може да постои во алкална средина богата со кислород. Диетата на Пол е најбрзиот начин и неговото чистење за да постигне pH ниво над седум.