Безбедносните камери во црквата во кичевското село Белица на вториот ден од Духовден регистрираа дрска кражба. Младо лице влезе во црквата, се прекрсти, ги собра парите и замина.
– Во текот на вчерашниот втор ден Духовен е извршена кражба на пари во црквата Свети Ѓорѓија во Белица. Црковниот одбор испраќа молба до сите верници во Македонија ако некој го препознае ова лице да пријави во полиција или на телефонскиот број на Црковниот одбор (071/266-841). Благодариме за секоја корисна информација, објавија на страницата Белица на Фејсбук.
Во прилог го даваат и видеото од безбедносните камери на кое јасно се гледа целиот настан.
https://www.facebook.com/belica.mk/videos/907300443084538/?epa=SEARCH_BOX