Чејс Хјуџ е воен ветеран, сега е експерт за влијание, убедување и човечко однесување. Автор е на неколку книги, меѓу кои „The Behavior Ops Manual“ и „The Ellipsis Manual“. Како последица на воената служба, почнал да добива напади (не прецизира какви), а во интервјуто со Џо Роган го раскажува своето искуство за тоа како ги спречил тие напади со употреба на “метиленско сино“. Метиленското сино е хемикалија која од 19 век се употребува за боење ткаенини, посебно фармерки. Неговата употреба за лечење стана вирална откако Мел Гибсон, исто така кај Џо Роган, кажа дека некои негови пријатели се излечиле од рак во четврти стадиум, пиејќи ивермектин, фенбендазол и метиленско сино. Ова е транскриптот од делови од тоа интервју на Чејс со Џо Роган каде зборува за неговото искуство со метиленско сино.

Чејс:
Ова беше пред отприлика три години. Бев пензиониран од војска и потоа почнаа да ми се појавуваат напади. Па најдов невролог. Лекот што ми го дадоа — најчеста нуспојава му беше напади, од оваа фармацевтска компанија. Па почнав да истражувам и најдов еден тип, човек што се занимава со функционална медицина, и тој ми даде метиленско сино како почеток. Знам дека и Мел Гибсон зборуваше за тоа овде. И тоа веднаш ги запре сите симптоми, плус уште неколку други работи.

Џо Роган:
Тоа е боја за ткаенини, нели?

Чејс:
Да, од 1890 година.

Џо:
Колку е чудно. Кој прв го пробал? Кој бил тој? Од тоа се прават фармерки. Се прашувам каков вкус има. А што ако го пијам секој ден, дали ќе ми влијае на здравјето?

Чејс:
Има лош вкус.

Џо:
Јас би го пиел.

Чејс:
Да, го пијам секој ден. И да, РФК Јуниор ми го спомна.

Џо:
Да, тоа е фантастично. Значи овој човек во 1890-та — инјектира стаорци со тоа и потоа им прави аутопсија, и нивниот мозок — мозочното стебло — секој нерв е син. Така открил дека метиленското сино има афинитет кон нервното ткиво. Па си рекол: „Ако се впива во невроните, што прави?“ Можеме да зборуваме за тоа ако сакаш —

Џо:
Секако.

Чејс:
— како функционира во телото. Па почнаа да го даваат на луѓе и открија дека е MAOI.

Џо:
Моноамин оксидаз инхибитор.

Чејс:
Која помага со депресија, анксиозност и секакви животни стресови.

Џо:
Има ли нуспојави ако земаш лекови што не треба да се мешаат со MAOI?

Чејс:
Има некои студии што беа повлечени, во кои се вели дека не треба да се зема со SSRI антидепресиви, затоа што може да развиеш серотонински синдром, нели? Но тие студии се повлечени, колку што знам. А толку е неверојатно — делува како донатор на електрони кон митохондриите — особено оние во невроните. Па ти помага да произведеш повеќе ATP, и помага да се исчистат т.н. реактивни кислородни соединенија. Значи, имаш молекула кислород — треба да има два водороди — и телото има задача да го претвори тоа во вода за да можеш да го излачиш. Но ако добиеш кислороден молекул со четири, пет, или само еден водород — тоа е реактивен кислород, што ние го нарекуваме „слободен радикал“. Метиленското сино влегува и ги балансира тие работи во мозокот и нервниот систем. Тоа е чудо. И е докажано веќе сто години. Еден од најдокажаните лекови.

Џо:
Кои се нуспојавите? Има ли некои?

Чејс:
Не многу.

Џо:
Би претпоставил дека ако земаш MAOI…

Чејс:
Да, ако го мешаш со нешто што содржи тирамин, како зрели сирења, црвено вино — не треба да се меша ако си на висока доза. Но веројатно земаш околу 1 милиграм по килограм. Колку тежиш, 75 кг? Па земаш отприлика 40 до 80 милиграми дневно.

Џо:
И го ставаш во вода? Така го земаш?

Чејс:
Не, имам мали трошки. Имаат конзистенција како Starburst бонбони. И ги сечеш, и се по 40 мг секоја. Мораш брзо да ги голтнеш, инаку забите ќе ти бидат сини цел ден.

Џо:
Да.

Чејс:
Тоа е многу силна боја.

Џо:
Ја гледам во урината.

Чејс:
Да, морав да ги сменам WC школките во куќата со црни, бидејќи и децата ми го земаат, и жена ми. А ако отидеш на журка и заборавиш да пуштиш вода, сите мислат дека е…

Џо:
Тоа е еден од тие суплементи што ги земам и си велам: „Сигурен ли си?“ Секој пат. Капнувам во вода и го пијам.

Чејс:
Не, всушност Гери Брека ми го препорача. Треба да се поправам. Тој ми рече да го земам со црвена светлосна терапија. Тоа беше идејата.

Џо:
И дали ти објасни зошто? Зошто функционира сето тоа?

Чејс:
Веројатно да, ама сум заборавил.

Џо:
Па, сино е.

Чејс:
Зошто функционира со црвена светлосна терапија?

Чејс:
Сѐ што е сино значи дека апсорбира црвена и рефлектира сина светлина. Значи, ако си во машина за црвена светлина, сите твои неврони впиваат многу повеќе црвена светлина отколку без метиленско сино. Тоа е фантастично, ефективноста на терапијата е 600 пати поголема.

Џо:
Навистина?

Чејс:
Измислувам бројка, ама е значајно поголема.

Џо:
Колку е чудно да си експерт за мозок и да добиеш болест на мозокот?

Чејс:
Беше ужасно. Затоа што знам каде води сето тоа. На крајот, хипокампусот — центарот за меморија — си се јаде сам. И за време на напад можеш да изгубиш и до еден милион неврони во секунда. А моите напади траеја околу минута ипол. И не беа тресење на подот. Темпорален напад е кога ти…

Џо:
Само те снемува.

Чејс:
Како да си во несвест.

Џо:
Се смрзнуваш како Мич Меконел.

Чејс:
Да, се претвораш во зомби. Главата ти паѓа и… На крајот, пробав толку многу нешта за да ги спречам нападите. Бев до точка каде што имав по девет напади дневно и бев очаен.

Џо:
И мислиш дека е поради лекот што ти го дале, ги предизвикувало нападите? Или е нешто друго?

Чејс:
Никогаш не го пиев лекот.

Џо:
Значи имаше напади, ама лекот… Зошто би ти дале нешто што предизвикува напади како нуспојава?

Чејс:
Не знам.

Џо:
А имаш напади?

Чејс:
И не знам зошто — мислам, слушаме толку многу за медицински факултети што се потплатени од компании што не ни мислат најдобро. И мислам дека метиленското сино — не треба да му кажуваш на доктор за тоа. Секој треба да знае за него. И можеш да го купиш на Амазон. Јас моето го земам од фирма што се вика Troscriptions и е фантастично. Ми го промени животот. Ќе бев одамна заминат.

Џо:
Која е коренската причина на болеста? Дали знаат?

Чејс:
Знаат што се случува. Има два фактори. Прво, имаш генетска предиспозиција. Имаш нешто во гените што се вика APOE4 алел. Тоа е истото што е поврзано со CTE и…

Џо:
Да, или Алцхајмер.

Чејс:
Да. И ако го имаш тоа плус — не треба да кажам дека предизвикува, но да — ако често добиваш удари во глава, не е добро да го имаш тоа. А јас бев 20 години во војска, па експлозии, пукања, сето тоа — велат дека веројатно предизвикало некаков вид на конкусионен синдром.

Џо:
Тоа е сериозен проблем, нели? Луѓето мислат дека потрес е само кога ќе се удриш, ама не е така. Тоа е…

Чејс:
Секое силно движење на телото.

Џо:
Мојот пријател Марк Гордон работи со многу војници и луѓе со трауматски мозочни повреди, и вели дека можеш да го добиеш и од џет-ски.

Чејс:
Навистина лудо.

Џо:
Само од отскокнување.

Чејс:

Силно отскокнување. Тресење.

Џо:
Ако сакаш — луѓе што обожаваат глисери и ги возат цело време, почнуваат да развиваат малку CTE.

Чејс:
Има смисла. Нашиот мозок е како да лебди. Неутрално плови во течност.

Џо:
Па има смисла.

Чејс:
Се удира внатре во черепот.