Репрезентацијата на Македонија денеска го пречекува составот на Турција на почетокот на квалификациите за Европското првенство во 2020 година.

Битола денеска живее за ракомет, со оглед на фактот дека Македонија по 15 години ќе биде домаќин на еден репрезентативен натпревар токму во салата „Младост“, што сега го носи името „Боро Чурлевски“.

Навивачите на два часа пред почетокот на натпреварот веќе го окупираа „Широк сокак“.