Емфиземата е болест на белите дробови при која, лаички кажано, се деформираат алеволите и со тоа се нарушува разменета на кислород и јаглерод диоксид, па пациентот чувствува недостаток на воздух. Состојбата прогресира со години и на крај може да заврши до степен кога пациентот не може ни да направи неколку чекори бидејќи нема воздух и конечно – со смрт. Ова е една од болестите за кои апсоолутно не постои никаков лек. Постојат лекови кои можат да ја олеснат состојбата, но не и да го излечат пациентот. И тоа е така во било која земја во светот.

Но, во интервјуто со Џо Роган, глумецот Мел Гибсон раскажува поинаква приказна. Тој имал емфизема во прв степен и се излечеил со матични клетки во клиника во Панама, каде третманот чини меѓу 4 000 и 50 000 долари. Еве го тој дел од разговорот меѓу Гибсон и Роган, што е навистина фасцинантно:

ГИБСОН: Пушев 45 години и не можев да престанам. Потоа, конечно, мојот доктор рече: „Имаш емфизем од прва фаза“. „Мора да се шегуваш со мене“, му реков. Тој одоговори: „Да, мора да се откажеш од пушењето“. Затоа си помислив, подобро да ја прочитам оваа книга (мисли на книгата на Алан Кар „Лесно е да се откажеш од пушењето, за што веќе објавивме текст и видео, н.з.). Ја прочитав книгата и престанав. Всушност, да не го направев третманот со матичните клетки потоа, моите бели дробови немаше целосно да се излечат од тоа.

РОГАН: Патем, дали го направи тоа интравенски?

ГИБСОН: Да, интравенозно.

РОГАН: Дали тоа беше д-р Риордан?

ГИБСОН: Да, Риордан. Разговаравме и потоа… Да, да. Тоа функционираше.

РОГАН: Матичните клетки се неверојатни. Фактот дека не можете да ги добиете на начин на кој тие можат да се добијат во странство – како што можете да ги добиете во Панама, каде што Рионард ја има својата клиника – е лудост.

ГИБСОН: Човеку, кога ќе имаш 60-ти… сè уште не си таму, но телото почнува да откажува…

РОГАН: Да. Го чувствувам тоа во моите 50-ти.

ГИБСОН: О да. Колку години имаш?

РОГАН: 57!

ГИБСОН: 58 е кога почнува, човече. Да, тогаш првпат го забележав тоа. И си реков: “О, што се случува со ова?” И отидов до Рионард, се разбира, кој ме третираше со матични клетки. Беше добро околу две години…

РОГАН: Само треба да продолжиш да се враќаш.

ГИБСОН: Да, да. Не се враќав доволно често.

РОГАН: Тоа е работата. Мислам дека вашето тело едноставно нема да заздрави како кога сте биле помлади, освен ако постојано не добивате терапија за тоа…