Бившиот полициски генерал и сегаше директор на Центарот за управување со кризи, на својот профил на Фејсбук објави видео во кое се гледа како жители на село Жировница бркаат мечка низ селските сокаци.
– Ајде, ајде и ааа, аќаќаа- се слуша на видеото и се гледа како мечката бега, а ја бркаат кучиња и жители на селото со батериски светилки.
Ангелов под видеото објасни:
– Вечерва низ тесните улички на с. Жировница… Проблемите и опасностите секогаш изгледаат поедноставно кога се гледаат од безбедна далечина на ТВ, лаптоп или на мобилен телефон, напиша Ангелов.
Како што објавивме, Владата вчера донесе превентивни мерки во врска со проблемот со мечките во Маврово и одлучи тие да не се убиваат и да се чистат ѓубриштата кои ги привлекува мечките.
Видеото може да го отворите ТУКА.