Министерот за економија, Крешник Бектеши објави видео со конечно добредојде за трансформаторот кој долго патува од Турција преку Грција за РЕК Битола.
Новиот трансформатор за Блок 3 во РЕК Битола е произведен во фабрика во Турција.
– Целосно подготвени за зимата… после повеќе години РЕК Битола работи на фул капацитет!- објави Бектеши.
Транспортот на 400-киловолтниот трансформатор, тежок 240 тони, се вршеше по пат низ Турција, потоа бродски и патен транспорт низ Грција, и конечно од преминот Меџитлија стигна во РЕК Битола.
Видеото може да го отворите ТУКА.