Јас имам чувство дека девојчено Грета Тунберг е злоупотребувано во политички цели, вели Солза Грчева, во врска со посетата на активистката Тунберг на Македонија и учеството на протесната блокада за спас на Дошница на Кожуф.
– Не знам какво е вашето мислење, но јас имам чувство дека девојчено Грета Тунберг е злоупотребувано во политички цели. Тоа чувство го имам уште од нејзиниот, прилично детски настап во ОН. Прво, протестира селективно, што ќе рече едни жртви (неопсорни и страшни) се пожртви од други такви. Второ, ако настапува за т.н. „Зелена агенда”, како тоа е против мала хидроцентрала која ќе произведува чиста енергија? Мене ова ми личи на политички памфлет, или на чиста злоупотреба на една наивна девојка. Би сакала да ги споделите вашите ставови, напиша Грчева во својата објава на Фејсбук.
Како што објавија повеќе медиуми младата шведска активистка вчера учествуваше на протестот за Дошница. Тунберг беше заедно со активистите кои протестираат и се фати во оро со нив.
Видеото може да го отворите ТУКА.