Сега го имаме овој предлог, европски компромис какви што постојано правиме, но ќе ве внесе во ЕУ, изјави холандскиот амбасадор Јан Коп, одговарајќи на прашање на новинарите за францускиот предлог.
– Затоа мислам дека треба да го затенете ност и да голтнете, порача амбасадорот Коп.
Како што објавивме завчера, амбасадорот Коп рече дека интересите на Холандија во Македонија се многу едноставни.
– Сакаме просперитет и стабилност и затоа не гледаме алтернатива за Македонија освен ЕУ и НАТО. Треба да бидете во НАТО и треба да бидете во ЕУ. Тоа е добро за С. Македонија, тоа е добро за Холандија и тоа е добро за Европа, изјави Коп.
Влегувањето во ЕУ, посочи Коп, е процес базиран на заслуги, но не се работи само за едноставно заокружување на она што е постигнато, туку и да се дејствува и да се спроведуваат реформи.
Видеото со превод на македонски јазик може да го отворите ТУКА.