Откако пред повеќе децении хрватскиот пејач Дадо Топиќ ја испеа легендарната „Македонија“, друг Хрват пее за денешна Македонија.
Станува збор за хрватскиот музичар Мики Солус, кој неодамна ја објави песната со наслов U makedonskom restoranu (Во македонски ресторан).
Во песната во стил карактеристичен за Солус, се прикажува атмосферата во македонски кафеани, а се споменуваат многу македонски личности од античка Македонија до денес: Александар Македонски, Св. Кирил и Методиј, Тоше Проески, Есма Реџепова, Калиопи, Горан Пандев, Кирил Џајковски итн.
Песната може да ја слушнете во водеото кое може да го отворите ТУКА.