Ги искачи највисоките точки на светот, но не заборави од каде потекнува. Познатиот македонски кардиолог, а и алпинист Сашко Кедев гордо го развиори македонското знаме на 8800 метри надморска висина. Од Шишанпагма па се до Монт Еверс, Кедев може гордо да се пофали дека ги има искачено 12-те највисоки врвови во светот.
“Наредно искуства беше т.н бела планина, според Меснере, една од најубавите планини, и тоа беше девети април, првата експедиција која успеавме да ја реализираме годината. Потоа дојде искуството во Пакистан, ова е врвот К2, кралот на планините” нагласи Кедев.
По тој повод вчеравечер се одржа свечена гала церемонија на која присуствуваше целиот државен врв на чело со премиерот Христијан Мицкоски. Кедев говореше за своите искуства со највисоките врвови во светот, за блиските средби со смртта која според него ја гледаме поинаку од 8000 метри над морето. Кедев е еден од ретките во регионот и единствениот Македонец кој ги има искачено дванаесете највисоки врвови во светот од кој најнискиот Шишанпагма е 8027 метри, најопасниот Анапурна 8091 метар и највисокиот Монт Еверест 8848 метри надморска височина.